Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Теренот беше многу лош

Анчелоти: Теренот беше многу лош

Реал Мадрид, со многу мака успеа да се пласира во осминафиналето на Купот на кралот. Комбинираниот тим на Реал со 1:0 го совлада членот на четвртиот ранг на шпанскиот фудбал, Касерењо. Единствениот гол го постигна Родриго во 65.минута.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти го коментираше и одговори на критиките дека неговиот тим одиграл лош натпревар.

„Се ми се допадна, од првата минута до последната. Знаевме дека нема да биде лесно, но не ризикувавме во одбраната и втор натпревар по ред го одигравме без примен гол. Теренот беше лош. Не можете да играте на таков терен. За мене тоа не е фудбал. Убаво е што е помалите клубовите можат да се натпреваруваат со големите. Тоа е добро за навивачите, но и тие би сакале да видат добар фудбалски натпревар“.

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата