Утрински Весник
Свет

Аналитичарот Бандов: Војната во Украина не завршува, нè чекаат нови кризи

Аналитичарот Бандов: Војната во Украина не завршува, нè чекаат нови кризи
Ss2

Аналитичарот Горан Бандов, правник и политиколог, професор по меѓународни односи и дипломатија од Универзитетот во Загреб, во „Ново дан“ на телевизијата „Н1“ зборуваше за тоа што може да се случи во светот во 2023 година, а предупреди и на опасноста што се заканува поради климатските промени.

dobivaj vesti na viber

„Кога зборуваме за војната во Украина, се чини дека таа не завршува. Ова ќе предизвика нови енергетски кризи. Зависноста на Европа од рускиот гас е намалена, но не целосно. Енергетските кризи ќе бидат многу пошироки. Тука е и прашањето за глобалната исхрана. Руската блокада на извозот на жито од украинските пристаништа предизвика огромна криза и во другите региони. Вакви работи можеме да очекуваме и оваа година“, вели тој додавајќи дека Турција одлично ја заврши работата како посредник во преговорите за житото и поради нивната добра работа, се отворија пристаништата.

Ss1

„Веќе знаеме некои механизми, а најопасно може да биде прашањето за климатските промени, воопшто не сме се подготвиле за нив. Гледаме значителни климатски шокови, од силен бран студ, поплави“, вели тој.

„Луѓето што се победници на сегашниот систем не би сакале промени. Секоја транзиција е скапа додека не се случи. Кога ќе се случи, станува секојдневие и се навикнуваме“, вели тој за одбивањето некои да се согласат на конкретни чекори, кои би ги ублажиле последиците од климатските промени, кои, според него, се многу радикални.

Бандов објаснува и како еден степен на глобалната температура значи многу бидејќи може да зависи од тоа дали одреден вид жито ќе напредува во одредени области, а од тоа повторно зависи дали ќе има некои миграции.

„Климатските промени се ужасно опасни и тоа се случува. Ние правиме малку од тоа. Има одлични документи на ОН, како Агенда 20-30. Секогаш е прашање на изводливост“, вели тој, пренесе „Индекс.хр“.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип