Утрински Весник
Свет

Американскиoт носач на авиони стигна во Јужна Кореја, откако Путин пред неколку дена беше во Северна

Nosach Na Avioni.jpg

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Теодор Рузвелт денеска пристигна во јужнокорејскиот пристанишен град Бусан на заеднички воени вежби овој месец со земјата домаќин и Јапонија, соопшти јужнокорејската морнарица.

Лидерите на трите држави се согласија на самитот во Кемп Дејвид во август 2023 година да одржат годишни воени вежби и го осудија „опасното и агресивно однесување“ на Кина во спорниот воден пат на Јужното Кинеско Море.

Претходно неделава, рускиот претседател Владимир Путин ја посети Северна Кореја оваа недела за прв пат по 24 години и потпиша договор со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој вклучува ветување за взаемна одбрана.

Тоа беше еден од најзначајните потези на Русија во Азија во последните години, а Ким рече дека тоа значи сојуз. Посетата доаѓа седум месеци по патувањето во Јужна Кореја на друг американски носач на авиони, Карл Винсон, чија цел беше да ја одврати Северна Кореја од нејзината нуклеарна и ракетна програма.

Можете да прочитате

Вечерва прва дебата меѓу Бајден и Трамп

Илјадници англиски лекари штрајкуваат непосредно пред парламентарните избори на 4 јули

Вирусот Мпокс се заканува да се шири низ целиот свет