Утрински Весник
Свет

Американски министер за одбрана: Не сакаме конфликт со Иран

Lojd Ostin.jpg
Ss2

Иран вчера доцна навечер го нападна Израел со над 300 дронови и крстаречки и балистички ракети. Израелската војска објави дека повеќето беспилотни летала и ракети биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана и „во соработка со стратешките сојузници на Израел пред заканите да стигнат до израелска територија“.

Американскиот секретар за одбрана рече дека Америка не сака конфликт со Иран, но дека нема да се двоуми да ги заштити своите сили и да ја поддржи одбраната на Израел. Лојд Остин рече дека го повикува Иран да ја деескалира ситуацијата и да ги запре сите понатамошни можни напади.

Img 5587

„Благодарен сум за професионалноста и умешноста на храбрите американски војници кои учествуваа во денешните акции и кои се грижат ситуацијата да не ескалира. Ќе продолжам внимателно да ја набљудувам ситуацијата и да се консултирам со нашите сојузници и партнери“, додаде тој.

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по нападот. За време на разговорот, Бајден ја потврди посветеноста на Америка кон Израел. „Му реков дека Израел покажа извонредна способност да се брани дури и од напад без преседан – испраќајќи јасна порака до своите непријатели дека не можат ефективно да ја загрозат безбедноста на Израел“, рече тој.

Од друга страна, тој му порача на Нетанјаху дека САД нема да учествуваат во офанзивните операции против Иран. САД нема да учествуваат во какви било офанзивни операции против Иран, му рекол американскиот претседател Џо Бајден на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави висок претставник на администрацијата за Си-Ен-Ен.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен со Херцог: Време е да се прекине огнот и да се ослободат заложниците

Земјите од Африка и Блискиот Исток ги повлекуваат златните резерви од САД

Американската ДЕА ја менува класификацијата на марихуаната: Ќе биде означена како помалку опасна дрога