Утрински Весник
Свет

Американската скијачка Вон испиша историја во светскиот куп на алпско скијање

Skijanje Sneg.jpg

Линдзи Вон, американската скијачка испиша историја во светскиот куп во алпско скијање. Таа стана највозрасната победничка во натпреварувањето, откако го доби триумфот на спустот во швајцарскиот центар Сент Мориц.

41 – годишната скијачка го собори апсолутниот рекорд, надминувајќи ги достигнувањата на Италијанката Федерика Брињоне, која победи на супервелеслаломот во Ла Туил во март оваа година на 34-годишна возраст и на легендарниот Швајцарец Дидие Куше, кој беше на 37-годишна возраст кога ја забележи својата последна победа во Светскиот куп, во супервелеслаломот во Кран Монтана во 2012 година.

Вон до својот прв триумф во Светскиот куп по повеќе од седум и пол години дојде со време од 1:29:63 минути, забележувајќи ја 83. победа во кариерата, а 44. во спуст.

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот