Утрински Весник
Магазин

Амбер Херд го напушта Холивуд и се сели во Мадрид

Амбер Херд го напушта Холивуд и се сели во Мадрид

Амбер Херд наводно го напуштила Холивуд и се преселила во Мадрид, Шпанија, речиси една година откога ја изгуби судската битка со поранешниот сопруг Џони Деп.

dobivaj vesti na viber

„Можам да откријам дека Херд го напушти Холивуд и тивко се пресели во Шпанија со својата мала ќерка Унаг“, тврди Алисон Бошоф од „Дејли мејл“ во написот објавен во четвртокот.

Според новинарката, пријател на Херд рекол: „Таа зборува два јазика, англиски и шпански, и е среќна таму, покрај својата ќерка далеку од сета врева“.

Пријателот исто така изјавил дека 37-годишната актерка еден ден може да се врати во Тинзелтаун.

Не е познато дали Амбер засекогаш го напуштила актерството или само привремено.

„Мислам дека таа не брза да се врати во Холивуд. Тоа, веројатно, ќе се случи кога ќе биде вистинското време, за вистински проект“, објаснува пријателката. Амбер не се огласи во врска со преселбата во Мадрид.

Имено, во јули 2022 година актерката продаде куќа во долината Јука, Калифорнија, за 1,1 милион долари. Оттогаш таа помина многу време во Шпанија. Во октомври минатата година Амбер беше фотографирана на плажа во Мајорка, а пред тоа во детски парк со својата ќерка.

Наводната преселба на Херд во Шпанија доаѓа речиси една година по нејзиното судење за клевета со поранешниот сопруг Џони Деп.

Деп ја тужеше Херд за 50 милиони долари во 2019 година тврдејќи дека таа лажела оти била жртва на семејно насилство, само за да добие повеќе пари во спогодбата за развод.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста