Утрински Весник
Спорт

Алонсо останува верен на Астон Мартин

Images 3.jpg
Img 5587

Фернандо Алонсо потпиша нов договор со Астон Мартин до 2026 година, соопштија од тимот

Договорот на двократниот светски шампион истекуваше на крајот од оваа сезона, но тој реши да ја продолжи соработката со тимот на Силверстон каде пристигна во 2023 година. Така, испадна можноста Алонсо, кој со 42 години е најстариот возач во најбрзиот караван, да се пресели во Ред Бул или Мерцедес.

Img 5587

Да потсетиме дека во текот на кариерата настапуваше и за Минарди, Мекларен, Ферари и Рено. Шпанецот во кариерата оствари 32 победи, освои 22 пол-позиции и 2.291 бодови.

– Фернандо покажа дека верува во нас, а ние веруваме во него. Фернандо е гладен за успех, вози подобро од било кога, во подобра е физичка форма од било кога и е целосно посветен да го претвори Астон Мартин во конкурентна сила – изјави шефот на Астон Мартин, Мајк Крек.

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим