Утрински Весник
Спорт

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Alkaraz.webp.webp

Организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината УС Опен ја објавија листата на пријавени играчи и на неа се наоѓа името на Карлос Алкараз. Американските медиуми се надеваат дека шпанскиот тенисер ќе биде во конкуренција за освојување на третата титула во Њујорк.

Но, шпанските медиуми пренесуваат информации дека не е подготвен за враќање, а дека не е подготвен ниту за Мастерсот во Синсинати што се игра од 13 до 23. август. Тие наведуваат дека дури и да игра нема да биде на највисоко ниво.

Алкараз ја брани титулата на УС Опен, а турнирот стартува на 30. август и трае до 13. септември. Тој е надвор од тениските терени од 15.април поради повреда.

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја