Утрински Весник
Спорт

Алкараз обвинет за местење натпревари

Alkaraz Nova 1 Scaled 1.jpg

Михаил Салцман, поранешниот сопственик на синџирот обложувалници во Русија „Уткин, Нобел и Маленков“, го обвини Карлос Алкараз за учество во местење натпревари.

Како што пренесуваат „Спорт Експрес“ и бројни руски медиуми, тој дури испратил писмо до раководството на Мастерсот во Мадрид, како и на адресите на АТП, Шпанската тениска федерација и обвинителството во Шпанија, тврдејќи дека тој имал доказ дека третиот рекет на светот учествувал во валкани акции.

Салцман го обвини Алкараз дека намерно загубил игри во два меча на турнирот во Мадрид, против Александар Шевченко и Јан-Ленард Штруф.

– Многу луѓе сакаат таканаречено обложување во живо. А кога станува збор за потенцијално последниот натпревар од мечот, на нив се плаќаат големи суми бидејќи тоа е последниот облог на натпреварот. Имаме голем турнир на земјена подлога во родната Шпанија на Алкараз, цела земја навива за него и се обложува на него. Додека големи пари се ставени на Алкарас за победа, голема сума може да се стави и на друг начин. Имајќи предвид дека коефициентите на тоа се дијаметрално спротивни од малите за победа на играта Алкараз, во случај на победа на противникот има голема добивка. Практично, сите пари што ги платија шпанските навивачи на Алкараз отидоа во рацете на измамници – вели Салцман.

Во прашање се гемовите кога Алкараз сервираше против Шевченко при 5:0 во вториот сет, а при 5:3 против Штруф, исто така во вториот сет.

Можете да прочитате

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

Е.Пелистер многу потешко го совлада Тиквеш и избори очеклувано финале во Купот на Македонија