Утрински Весник
Спорт

Алчевски: Жалиме за пропуштената победа против Кипар

Алчевски: Жалиме за пропуштената победа против Кипар

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во Ларнака ги продолжува подготовките за претстојниот контролен дуел против Србија, по вчерашниот меч со домаќинот Кипар.

dobivaj vesti na viber

Во интересен натпревар со многу возбудувања и неискористени шанси, Македонија и Кипар одиграа нерешено 1-1.

Стрелец на единствениот погодок за Македонија беше Марио Илиевски во 66. минута од средбата. Можеме да жалиме за пропуштената победа на овој дуел, бидејќи во 85. минута не успеавме да реализираме удар од 11 метри.

Марко Алчевски, еден од најдобрите поединци на вчерашниот меч против Кипар, кој имаше неколку извонредни интервенции даде своја анализа за вчерашната игра на Македонија.

„Одигравме навистина добар натпревар против квалитетната и незгодна селекција на Кипар. Жалиме за пропуштената победа, но што е тука е, одиме понатаму. Имаше доста позитивни работи во нашата игра на вчерашниот меч против Кипар, но и сегменти и делови од играта каде што мораме да се подобриме. На прав пат сме, сакаме да бидеме подобри на секој нареден меч. Нема да биде лесно против селекцијата на Србија, имаме одличен противник за надигрување, сакаме да оствариме победа. Имаме квалитетен тим, владее одлична енергија помеѓу нас фудбалерити, поседуваме јасна цел и визија. Треба на секој натпревар да пристапиме со одлучност и голема желба за победа“, изјави Алчевски.

Можете да прочитате

„Кнезовите“ со пресврт до победа против Басконија

Бензема ќе го пропушти првиот меч на Франција на СП?

МЗТ Скопје поради слободните фрлања се „лизна“ против ФМП