Утрински Весник
Свет

Албанезе: Нападот во Сиднеј е ужасен чин на насилство

20240413122312 Big 730x400 69.webp.webp
300x250 (7)

Ова беше ужасен чин на насилство насочен кон невини луѓе кои пазаруваа во оваа обична сабота. Изразуваме најдлабоко сочувство и сочувство до сите што изгубија некого, изјави премиерот на Австралија, Ентони Албанезе.

Тој истакна дека и покрај шокантно насилство, Австралијците покажаче хуманоста и херојството.

Img 5587

За полицијата сè уште не е познат мотивот за нападот, но не е исклучено дека е терористички чин. Според најновите информации во трговскиот центар „Вестфилд бондаи џанкшн“ (Westfield Bondi Junction) во Сиднеј маж со нож усмрти пет лица. Се претпоставува дека напаѓачот најверојатно дејствувал сам. Тој е елиминиран од полицијата.

Вршителката на должност премиерка на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, Пени Шарп наведе дека е шокирана од нападот.

– Шокирана сум од извештаите за повеќекратни жртви во Бондаи. Моите мисли и мислите на Владата се со жртвите, нивните семејства и првите лица кои реагираат во овој момент, како и со оние кои можеби биле сведоци на овие ужасни настани, истакна Шарп.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои посетителите на трговскиот центар се обидуваат да му се спротивстават на напаѓачот. Исто така се појави и фотографија од напаѓачот.

По нападот од трговскиот центар беа евакуирани најмалку стотина луѓе.

Ss1

Можете да прочитате

Израелски медиуми јавуваат дека ИДФ ги одобриле плановите за операција во Рафа

Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години

Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас