Утрински Весник
Македонија

Активни пожари во Гевгелија, Тетово и Крушево

Pozar.webp.webp

Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 12:00 часот на територија на цела држава. Од нив три активни пожари има во Гевгелија, на Кожуф кај село Петрово, во тетовското село Џепчиште и кај крушевското село Свето Митрани.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во село Трубарево, општина Гази Баба (електричен отпад), во скопското село Виниче, кај месноста викана Муратица (нискостеблеста шума) и во село Батинци, општина Студеничани (ниска вегетација и мешана шума).


Изгаснати се пожарите во општина Кочани – село Бали (депонија) и во општина Делчево – депонија Острец (запален отпад).

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница