Утрински Весник
Скопје

Јакимовски против префрлање на центарот за зависници во Бардовци: „Ова нема да го дозволиме!“

483920759 1064099942417154 4423666777958453791 N.jpg

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, заедно со жителите на Злокуќани, упати остар апел до Владата и Министерството за здравство да ја преиспитаат намерата за преместување на центарот за зависници од Кисела Вода во психијатриската болница Бардовци.

– „Имам крајно непријатна потреба да се обратам до јавноста бидејќи се наоѓаме пред болницата за душевно болни ‘Бардовци’, која е на територија на општина Карпош. Уште понепријатно ми е што граѓаните мораат на ваков начин да го изразат својот револт. Јас како градоначалник го поддржувам секое лекување, но секој треба да се лекува во својата општина. Зошто сите зависници да се носат токму во Карпош?“, праша Јакимовски.


Тој нагласи дека веќе остварил контакт со министерот за здравство, кому му пренел дека граѓаните остро реагираат на овој предлог и дека тој самиот не се согласува со таквото решение. Според него, доколку овој план се реализира, ќе се загрози безбедноста на жителите на Злокуќани, кои и сега се соочуваат со бројни проблеми.

– „Во овој дел на градот веќе постои сериозен проблем со неколку семејства доселени од Косово, кои се недопирливи за полицијата, обвинителството и судот. Ако сега на ова се додаде и центар за зависници, тоа ќе биде дополнителен товар за граѓаните, а не решение“, изјави Јакимовски.

Тој потенцираше дека доколку Министерството за здравство не го смени својот став, жителите на Злокуќани ќе бидат принудени да реагираат поостро.

– „Минатата власт сакаше да ни носи имигранти во Бардовци, а сега оваа сака да ни носи зависници. Ова нема да го дозволиме. Луѓето имаат објективни причини да се плашат за својот живот и безбедност. Министрите треба да најдат поинакво решение, а не на ваков начин да ја префрлаат одговорноста“, додаде Јакимовски.

Градоначалникот предложи секоја општина да се грижи за своите зависници, наместо проблемот да се префрла на жителите на Карпош. Тој најави дека ќе продолжи да се бори за интересите на граѓаните и нема да дозволи тие да станат „колатерална штета“ на, како што вели, „неодговорни одлуки“.

Можете да прочитате

ЕВН најави исклучување: Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров

(Видео) Аеродром се гуши! Густ црн чад меѓу Долно Лисиче и Драчево – граѓаните се жалат на загаден воздух

(Видео) Аеродром се гуши Густ црн чад меѓу Долно Лисиче и Драчево – граѓаните се жалат на загаден воздух