Утрински Весник
Македонија

Јакимовски: Пендаровски и Давкова може да да бегаат од соочување со мене, ама нема да избегаат од соочувањето со граѓаните

436260224 958151035697327 7912348804400639574 N.jpg

Toa што кандидатот на владејачката партија на централно ниво, СДСМ, Стево Пендаровски и на владејачката партија на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова бегаат од соочувања само го потврдува нивниот страв од вистината, нивниот страв од сопствената неподготвеност, пишува претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи.

„Ако кукавички се однесуваат денес за време на дебати, значи дека кукавички ќе се однесуваат и утре ако некој од нив стане претседател на државата. Дебатата и јавните соочувања се основната вредност на демократијата.

За какви фер и демократски избори говориме, кога за изборите за највисоката државна функцја нема ниту една единствена дебата меѓу кандидатите? На крајот и Пендаровски и Давкова треба да знаат дека можат да избегаат од соочување со мене, но од соочување со народот на 24 април нема да избегаат. Тогаш ќе видат што точно народот мисли за нив“ вели Јакимовски во својата објава.

Можете да прочитате

Утре ќе се одржат директни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ

Извлечени две лица од Мавровско Езеро

,,Да не сакате друго пумпање?” вицепремиерот Стоилковиќ со погрдни зборови кон Костовски од СДСМ