Утрински Весник
Македонија

Средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на изборите Стирк

2 1.jpg
300x250 (7)

Денес 12.04.2024 година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на претседателските и парламентарните избори 2024 г-ѓа Џилиан Стирк.

На средбата Министерот Тошковски ја запозна г-ѓа Стирк со начинот на функционирање на Министерството за внатрешни работи во насока законито и професионално постапување во насока на организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес. Во тој контекст се заблагодари за поддршката во изготвувањето на Прирачниците за постапувањето на полицијата за време на избори, истакнувајќи дека истите се добра алатка која значително ќе го олесни овој процес.

300x250 (7)

На прашање на г-ѓа Стирк, министерот Тошковски информираше и за добрата меѓуинституционална соработка со останатите државни институции кои имаат законска улога во учеството на изборниот процес, нагласувајќи ја истата како плодна и непречена.

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост

Меџити: Приоритет на „Вреди“ е да биде дел од влада ориентирана кон ЕУ и НАТО

Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата