Утрински Весник
Македонија

Николовски од Кочани: Од утре стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма, ставајќи на располагање 14 милиони евра за инвестиции 

420955103 962414128585757 2272412220240346198 N.jpg
Ss2

Денеска од овде од Кочани, каде исто така имаме многу успешни ИПАРД приказни, сакам да ја искористам приликата и да ги информирам сите заинтересирани апликанти, дека од утре стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма, ставајќи на располагање 14 милиони евра за инвестиции од оваа мерка, истакна министерот Љупчо Николовски.

Во рамки на работните активности во Кочани, министерот Николовски, заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски и директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, одржаа информативна средба со граѓани, заинтереисрани за аплицирање на новата ИПАРД 3 програма.  

Ss1

Мерката 3, за која веќе од утре ќе биде распишан јавниот повик, се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи. Финансиската поддршка, кај оваа мерка, се однесува на кофинасирање на инвестицијата до 50% од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката по оваа мерка, може да достигне и до 60% кофинасирање, кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Минималната прифатлива вредност кај мерката 3 е инвестиција до 50.000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра, по корисник.

Министерот Николовски ги повика сите заинтересирани апликанти, навремено да се информираат за повикот, преку веб страната на министерството и да аплицираат, искористувајќи ја можноста која преку оваа мерка од ИПАРД програмата им се става на располагање.

Ss1

Можете да прочитате

Николоски од Струмица: Врвен претставник на криминал и корупција во Македонија е Артан Груби

Битиќи за 24 Анализа: Ефектот од програмата на СДСМ ќе биде подобар живот за граѓаните

Пендаровски кон Силјановска: Вие и вашиот сопруг сте први од транзиционите профитери