Утрински Весник
Спорт

Џака: Дресот на Јашари беше за мојот млад соиграч од Македонија

Џака: Дресот на Јашари беше за мојот млад соиграч од Македонија
300x250 (7)

Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, објасни зошто по победата над Србија носеше дрес со презимето Јашари. Играчот од средниот ред на Арсенал се појави во ваков дрес по триумфот против Србија (3:2) што крена голема прашина.

dobivaj vesti na viber

Многумина се прашуваа дали тоа е политичка порака, бидејќи лидерот на терористичката ОВК, Адем, го имаше тоа презиме.

Ss1

Џака ги отфрли тие тврдења и истакна дека се работи за Ардон Јашари (20), момче со албанско потекло кој потекнува од Македонија.

„Тоа воопшто не беше политички гест. Тоа беше дресот на мојот соиграч Ардон Јашари. Тој е млад играч, со кого одлично се согласувам. Реков дека ако дадам гол и победиме, ќе го носам неговиот дрес”, изјави Џака.

Со овој одговор Џака секако избегна евентуални санкции од ФИФА.

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!