Утрински Весник
Македонија

АХВ донесе решение за забрана за употреба на водата од струмичкиот водоснабдителен систем

Voda.webp.webp

Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем.

Како што денеска соопштија од АХВ, решението е донесено врз основа на добиено известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица, дека по извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.

– На јавното претпријатие, наложено му е да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод, односно, да обезбеди питка вода за граѓаните, се до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем, соопштија од АХВ.

Можете да прочитате

Левица: Мијалков не може да ја демантира неговата бизнис мрежа околу Барутана

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него

СДСМ: 11 недели нема извештај за водата во Гостивар и во 50 други места а туркаат 5 рудници, антимон и дата-центри