Утрински Весник
Македонија

Ахмети тврди дека нема детали за локацијата на Груби откако вчера рече дека е на албанска територија

Artan Grubi Dhe Ali Ahmeti.jpg

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека не знае каде се наоѓа поранешниот вицепремиер, Артан Груби, откако вчера за неговиот најблизок соработник рече дека е добар и се наоѓа на албанска територија, но немале средба.

По денешните реакции во јавноста да каже каде се наоѓа Груби, кој се бара со меѓународна потерница за криминал во Државна Лотарија, Ахмети изјави за „ТВ21“ дека не контактирале лично и нема детални информации каде е тој во моментов.


Немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата Македонија-Косово“, рече Ахмети во изјава за телевизијата повторувајќи дека Груби заслужува правичен и неселективен судски процес.

Меѓу осомничените за овој случај е и поранешниот директор на Државната лотарија, Прпарим Бајрами, кој исто така, не е достапен за органите на прогонот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна