Утрински Весник
Македонија

Ахмети проговори за Груби и соопшти нови информации

Grubi I Ahmeti.jpe

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во изјава за косовските медиуми посочил дека неговиот довчерашен сопартиец, Артан Груби не побегнал, но и дека тој самиот немал контакт со него. Сепак тврди дека има информации дека Груби е во добра состојба и дека се наоѓа на албанска територија.

Лидерот на интегративците оценува дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на прогонот, „но правдата не смее да биде одмаздничка и селективна“.


„Ние сме против селективна правда и употреба на навреди и клевети за дневно-политички цели и подготвени сме да одговориме во секој момент“, кажал Ахмети.

„Не избега, ќе одговара пред органите на правдата, но во договор правдата да не се злоупотребува за политички цели“, додал првиот човек на ДУИ, пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик.

Ахмети е во посета на Косово каде присуствувал на прием за ветераните на ОВК, организиран од лидерот на косовската опозиција, Рамуш Харадинај.

Можете да прочитате

(Фото) Сообраќајна несреќа на патот Стража – Гостивар, возило превртено на кров

Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници

Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти