Утрински Весник
Македонија

Ахмети го најави Османи за претседателски кандидат и барањето за потпретседател на државата

Screenshot 2024 02 22 121229.png

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во денешното јавно обраќање побара од граѓаните на претстојните парламентарни и претседателски избори да гледаат како најважен референдум за Македонија, и им порача: „Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“ Тој ги повика граѓаните за поддршка, бидејќи кога ќе се отвори Уставот заради Бугарите, ќе инсистираат да се внесе и измена со која граѓаните ќе избираат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер. Според него, министерот за надоворешни работи Бујар Османи ја очекува оваа промена што ја бара ДУИ уште од политичките програми во 2016 и 2020 година. Ваквиот настап е навестување дека ДУИ ќе го кандидира Османи за претседател и во иднина ќе бара воведување функција заменик претседател. Според Ахмети, отворањето на Уставот за ваков избор на претседател (веројатно по принцип Македонец и Албанец) ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција. Претходно претседателскиот кабндидат на албанската опозиција Арбен Таравари вчера соопшти слични залагања со три промени во Уставот: внесување на Бугарите, отстранување на „20%“ за албанскиот јазик и претседателот да се бира во Собрание, а не преку директни избори.

Можете да прочитате

Со македонски пасош олеснето може да се патува во 114 држави во светот

Приведено лице осомничено за двете убиства во Ѓорче Петров

Обвинителството го отфрли предлогот Дејан Јованов и неговиот син да бидат сослушани како сведоци на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“