Утрински Весник
Спорт

Јагуриноски нема да игра против Холандија, Лазаров го повика Савревски

Јагуриноски нема да игра против Холандија, Лазаров го повика Савревски

Повредата на Томислав Јагуриноски сепак не е така наивна и тој нема да може да игра на утрешниот втор натпревар на Светското првенство против Холандија. Селекторот на националниот ракометен тим, Кирил Лазаров, веднаш повлече потег и го повика Давид Савревски. Тој е еден од тројцата ракометари што првично отпаднаа од списокот на Лазаров пред почетокот на Мундијалот.

dobivaj vesti na viber

Јагуриноски го повреди коленото при еден пад на мечот против Норвешка и очигледно дека за опоровавување ќе му биде потребен подолг период.

Натпреварот меѓу Холандија и Македонија е закажан за утре, со почеток во 18 часот, во „Таурун арена“ во Краков.

Можете да прочитате

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот