Утрински Весник
Свет

Агенција на ОН за палестински бегалци: Нема испорака на хуманитарна помош во северниот дел на Газа и покрај предупредувањето за глад

Gaza 3.jpg
Ss2

Ниту една испорака на хуманитарна помош не стигнува до северниот дел на Појасот Газа и покрај итните предупредувања за глад за населението, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток, цитирана од ДПА.

Изјавата уследи по вчерашните изјави на Агенцијата дека израелските власти ги информирале ОН дека „повеќе нема да дозволуваат нивни конвои со храна во северниот дел на Газа“, каде што, според шефот на Агенцијата, Филип Лазарини, луѓето се на работ на глад.

300x250 (7)

Агенцијата соопшти дека просечно 157 камиони со хуманитарна помош дневно влегувале во областа овој месец, заклучно со саботата.

УНРВА потврди дека оттогаш Израел не дозволува камиони кои превезуваат итни резерви на храна во северниот дел на Газа.

Агенцијата во четвртокот поднела барања за одобрување за испорака на хуманитарна помош, но сите биле одбиени без причина.

Израел ги отфрли обвинувањата дека ја попречува испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа и наместо тоа ги обвини хуманитарните агенции дека не ја дистрибуираат правилно.

Самите организации најавија дека им недостига соодветна заштита.

Ss1

Можете да прочитате

Десетици торнада го погодија централниот дел на САД

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи