Утрински Весник
Македонија

Агелер: Се разгледуваат многу случаи кои може да завршат на црната листа

Ageler.jpg

Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека се разгледуваат многу имиња и многу случаи кои може да завршат на американската црна листа, но оти не може да даде датум кога би можела да се прошири. Проширувањето на листата се прави согласно законите на САД.

На американската црна листа засега се поранешните функционери Никола Груевски, Сашо Мијалков, Кочо Анѓушев, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, бизнисменот Орце Камчев и неговата мајка, како и градоначалниците на Струга и на Карпош, Рамиз Мерко и Стевчо Јакимовски.

„Има многу имиња од кои може да се бира и да се достават на разгледување во Вашингтон и можам да ве уверам дека многу случаи активно се разгледуваат во Вашингтон, a дополнителни информации се собираат тука. Тоа е процес што трае, немам датум за вас, извинете што ќе ве разочарам, но ве молам имајте на ум дека се водат континуирани разговори“, рече Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на касарната во Штип

Можете да прочитате

(Видео) „Ниту една повеќе“ протест против насилството врз жените и молкот на институциите

Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар – Кичево

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата