Утрински Весник
Македонија

АФРИКАНСКИ АНТИЦИКЛОН НИ НОСИ МНОГУ ТОПЛИНА И СУШНО ВРЕМЕ И ОВАА СЕДМИЦА: Постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари во Македонија

Ecmopit12 168 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија  и оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на топла и стабилна воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност во попладневните часови. Исто така, во попладневните часови не се исклучува можноста за многу ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските предели.

Во текот на оваа седмица повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, во Скопје во интервалот помеѓу 34  и 37 степени.

НАПОМЕНА: Поради многу сушното и топло време, како и поради ветерот кој повремено ќе биде со засилен интензитет, постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари во Македонија, а поради веќе споменатиот ветер кој го очекуваме  постои опасност и од нивно ширење. Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни како се однесуваат со природата

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци