Утрински Весник
Македонија

Џафери на Регионален самит на лидери во Котор, Црна Гора 

Aferi.webp.webp

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на 15.05.2024 (среда) и 16.05.2024 година (четврток), ќе биде во работна посета на Црна Гора, на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија”.  

На 16.05.2024 година, во 09:30 часот, премиерот Џафери ќе се обрати на Панелот 1 насловен „Состојбата на терен и идните планови – нов план за раст” што може да се следи на следните линкови:

На панелот, покрај премиерот Џафери, ќе се обратат и Албин Курти, претседател на Владата на Република Косово, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Оливер Вархеи, комесар за добрососедска политика и проширување на Европската комисија, а ќе се разговара за Планот за раст на Западен Балкан.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница