Утрински Весник
Македонија

Адвокатите на Клементина: Немало умисла да се убие ракометарот Тот, нејзините удари не допринеле за смртта

Адвокатите на Клементина: Немало умисла да се убие ракометарот Тот, нејзините удари не допринеле за смртта
Ss2

Ударите од Клементина Лефкова, третообвинета во случајот за убиството на Денис Тот, не допридонеле за смртта на ракометарот. Ова го тврдат двајцата нејзини адвокати, Емил Гугутчески и Бојан Василески. Тие велат: „во никој случај, ударите не можат да допридонесат за смрт“. Тие го посочуваат ова откако вештите лица па посочија за нагмечувања кои ги имал Тот во пределот на главата и телото.

dobivaj vesti na viber

„Немаме уште тоа докажано. Имаме уште за докажување, рано е“, вели адвокатот прашан како настанала смртта.

Ss1

За нив е најважно да докажат дека немало умисла да се убие Тот, па додаваат: „Умислата се уште виси во воздух, тоа за нас е најважно“.

Прашани да ги искоментираат тврдењата на вештаците кои посочија дека повредата на рбетниот мозок е главна причина за смртниот исход, адвокатот Василески вели: „Во вештачењето стои дека друго е причината за смртта. Се релативизира денеска и тврдењето и вештечењето во денешното излагање на вештите лица, откако им беше предочено дека во вештачењето има друго напишано“, а на барањето да каже што стои во вештачењето, рече: „Има време ќе излезе во јавност. Се релативизира како е настаната таа повреда“

За нив е неспорно дека имало удари, меѓу кои е и боксот, по што следува единствениот момент кога Тот паѓа на земја.

„Вештите лица даваат само можност како да е настаната повредата. Во конкретниот случај во вештачењето стои дека е од падот, сега кажуваат дека е од вртење на главата“, додава адвокатот.

Децидни се дека второобвинетата го нема сторено кривичното дело убиство.

„Ние ја браниме дека нема направено кривично дело кое и се става на товар. И стоиме на тоа. Умислата не е докажана“, вели адвокатот, а прашан кое кривично дело го има направено Клементина, тој посочува: „Не знаеме тоа, обвинителката ќе каже“.

Доколку ракометарот Денис Тот, немал повреда на рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото, кое е презентирано на судењето. Ударот и падот кај Тот се случуваат кога Анџело Ѓорѓиевски му задава удар со бокс, по што сега починатиот паѓа на земја. Докторот Станков, вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“

Ss1

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремен дожд

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови