Утрински Весник
Свет

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафа во наредните денови

Mahmud Abas Palestina Palestinski Lider.jpeg

Претседателот на палестинската управа (ПА) Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската армија во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Рафа моментално е дом на околу 1,45 милиони луѓе, од кои повеќето претходно беа раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте. Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа, пренесува Ројтерс

Палестинскиот претседател изрази загриженост поради присилното раселување на палестинското население од Западниот Брег под управа на ПС, откако израелската армија „заврши со Газа“.

Тој нагласи дека ПС одбива да прифати етничко чистење на Палестинците од двете територии бараjќи да се прекине конфликтот и да се даде помош на населението.

Можете да прочитате

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД