Утрински Весник
Македонија

АA: Жал ни е што ВМРО се враќа и со кадри и со политики во времето на Груевски.

Ali Ansa Za Albancite.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на АА:

Амбасадорите на нашите пријателски земји и стратешките партнери насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.

Северна Македонија не е на друга планета, туку географски, културен, социјален и политички дел на Западот.

Жал ни е што ВМРО се враќа и со кадри и со политики во времето на Груевски. Од друга страна, драго ни е што ова вистинско и нереформирано лице на ВМРО ќе ги сензибилизира сите оние фактори кои речиси заборавија од каде доаѓаат овие луѓе.

Речникот на Вучиќ и понатаму ќе биде дел од вокабуларот на Христјан Мицковски. Заробувањето и дисциплинирањето на судството од страна на ВМРО е стара опсесија и најостро го осудуваме секој таков обид.

Можете да прочитате

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила

Томовски: Со чести автобуски линии и поддршка од агенциите го спасуваме „Македонско село“ од пропаѓање

СОЗР купува VIP комбе за странски делегации и електрични возила за курирска служба