Утрински Весник
Македонија

АА: Стружани се трујат, власта ги штити загадувачите

АА: Стружани се трујат, власта ги штити загадувачите

„Да се ​​даде ветување е убава работа се додека ветувањето станува реалност, но да ветуваш истото во секоја кампања и да се игра со чувствата и судбините на граѓаните е дефинитивно најгрдото нешто на светот“ соопштуваат од Алијанса за Албанците од огранокот во Струга.

dobivaj vesti na viber

Оттаму посочуваат дека „црниот чад од палењето на депонијата веќе два дена ги труе локалните жители и не само, сето тоа го докажуваат и резултатите од мерењето на загаденоста на воздухот“.

„Се поставува прашањето: колку концесионерски компании има? Имаше ли транспарентност при доделувањето на договорите за концесија? Дали инспекторатот за животна средина си ја врши работата? Додека сите чекаме одговор и крај на оваа грда ситуација, едно е сигурно: лицемерието на ДУИ, и нејзината квази „Зелена агенда“, го држи во заложништво здравјето на жителите на Лабуништа и пошироко“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди