Утрински Весник
Магазин

Ја сакам неговата тага: Кијану Ривс објасни зошто продолжува да го глуми Џон Вик

Ја сакам неговата тага: Кијану Ривс објасни зошто продолжува да го глуми Џон Вик

Кијану Ривс продолжува да го глуми Џон Вик бидејќи му се допаѓа тагата на ликот што го портретира.

dobivaj vesti na viber

Актерот од Point Break (58) повторно е на големото платно портретирајќи убиец опседнат со кучиња во најновиот од сагата, „Џон Вик: Поглавје 4“.

На премиерата на филмот во Лондон во понеделникот вечерта холивудскиот миленик кажа зошто ја сака улогата.

Во разговор со „Метро“, Кијану рече: „Ми се допаѓа неговиот хумор, ми се допаѓа неговата волја, ми се допаѓа неговата тага и навистина е забавно да го глумиш во овие филмови, сите филмови од серијалот се забавни“.

А што се однесува до физичките барања на филмовите препонил со каскадери, актерот рече: „Навистина се трудам, но со Џон треба да се потрудиш малку повеќе“.

Актерот почна да го глуми Џон Вик во истоимениот филм од 2014 година. Ликот, поранешен платен убиец. повторно се активира за да им се одмазди на група гангстери што го убија неговото сакано куче, подарок од неговата почината сопруга.

Во четвртиот дел од сагата Џон се бори да уништи таинствена организација на убијци, позната како High Table.

Можете да прочитате

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк

Долговите наскоро би можеле да станат минато за овие четири хороскопски знаци