Утрински Весник
Спорт

Ајакс го смени тренерот по седум меча без победа

Ајакс го смени тренерот по седум меча без победа

Раководството на Ајакс го смени тренерот Алфред Шројдер, веднаш по синоќешното реми со Волендам (1:1) во 18. коло од холандскиот шампионат. „Копјаниците“ за првпат од 1974 година имаат седум натпревари без победа во лигата (пораз и шест нерешени меча), а серијата неуспеси ја плати тренерот кој минатото лето го наследи Ерик тен Хаг на клупата.

dobivaj vesti na viber

„Раководството на клубот повеќе нема доверба во понатамошна соработка“, се наведува на сајтот на Ајакс.

50-годишниот тренер имаше договор до летото 2024 година.

„Ова е болна одлука, но и неопходна. По добриот почеток на сезоната загубивме многу бодови. И играта беше нестабилна. Во последниве недели, станува се појасно дека Шројдер не може да ги сврти работите. Веруваме дека и покрај бројните трансфери имавме на располагање силен тим достоен за освојување на шампионската титула“, изјави спортскиот директор на клубот, Едвин ван дер Сар.

Ајакс е само петти на табелата со седум бода помалку од водечкиот Феенорд. Тимот од Амстердам во следното коло гостува кај Екселзиор.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами