Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Трoјца кичевци се приведени за непочитување на полицискиот час

Трoјца кичевци се приведени за непочитување на полицискиот час
Img 7972

Кичево, 25 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, каде спаѓа и Кичево три лица не ја почитувале забраната за движење. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди информираа портпаролот Стефан Димоски

– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.З.(50) од Кичево. Тој, на 18 мај во 19,20 часот бил затекнат на улицата “Борис Кидрич“, во Кичево, пришто, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење и не ја почитувал мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час од 19 часот на 18 мај до 05 часот, следниот ден , додаде Димоски. рз/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работа

ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче