Утрински Весник
Македонија

Честитка од КОВЗРГ за празникот Свети Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост

Честитка од КОВЗРГ за празникот Свети Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – По повод големиот црковно-државен празник свети Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски упати честитка до Aрхиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и до свештенството и монаштвото и до граѓаните од православна вероисповед.

– Делото на светите солунски браќа Кирил и Методиј во вечноста одекнува како рамноапостолно и свето дело на македонските сесловенски просветители кои ги издигаат словенските народи, давајќи им писменост и проповед на христијанството.

Како православен македонски народ, денес чувствувајќи радост, да размислуваме за големината на делото со кои не задолжија Светите Кирил и Методиј, па обединувајќи се во верата и вистинските добродетели да ја искажуваме нашата искрена благодарност.

Дозволете да Ви го честитам празникот посветен на Светите Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост, се наведува во честитката од директорот на (КОВЗРГ) Даријан Сотировски.са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штерјова: ОЈО да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица