Утрински Весник
Македонија

Тетовецот Садики, мераклија на олдтајмери

Тетовецот Садики, мераклија на олдтајмери

Тетово, 23 мај 2020 (МИА) – Стара и обновена кола поголем мерак од нов автомобил. Оваa е мотото на 60 годишниот Мурат Садики од Тетово кој меѓу ретките низ градот вози Застава 750-популарно наречено Фиќо од 1981 година.  Иако речиси 40 години е стар автомобилот изгледа одлично откако Мурат потрошил значителна сума пари и време да го поправи изгледот и моторот.

– Јас цел живот возам стари коли олдтајмери. Порано имав фолксваген буба која сега ја има синот. Имам голем мерак да најдам стара кола и да ја обновам. Секако меркот се плаќа. Пошто е стара, колата има потреба од многу одржување што значи и големи трошоци, но јас уживам во тоа. Можеби со тие пари може да се купи и нова кола, но мене ми е задоволство да ја поправам и потоа да ја возам, раскажува Мурат Садики.

Сегашното Фиќо го има веќе три години. Освен со одличен изглед може да се забележи и дека има беспрекорна возна состојба.

-Негде во 2017 година го купив од човек во Кочани. Работев неколку месеци на поправка. Направив целосен ремонт на моторот, ставив нови кожни седишта, ја средив таблата, менувачот и слични потребни. Беше во црвена боја, ама исто го префарбав со нова боја. Ако верувате уживам и само додека го гледам фиќото, вели Мурат.

Секое изглегување од фиќото за Мурат значи нов разговор со нови луѓе кои се заинтересирани да дознаат како успеал да го „дотера“ и така да биде вистинска атракција низ Тетово. ас/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штерјова: ОЈО да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица