Утрински Весник
Спорт

Чеферин оптимист: ЕП 2020 ќе се одржи следната година

Претседателот на УЕФА навивал за сплитски Хајдук

Нион, 21 мај 2020 (МИА) – Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин очекува одложеното Европско првенство да се одржи според планот следната година, изјави тој за шпанскиот весник „Ел Мундо“.

ЕП 2020, што требаше да се одржи во 12 града помеѓу јуни и јули, беше одложено во март за 2021 година, откако новиот коронавирус го блокираше светскиот спорт.

Чеферин минатата недела изјави дека има проблеми со тројца домаќини, притоа потенцирајќи дека овие загрижености нема да спречат да се одржи турнирот. Говорејќи за „Ел Мундо“, Чеферин остана уверен дека турнирот ќе се одржи во 2021 година.

– Да, би се обложил на тоа. Не гледам зошто не треба да се случи. Не мислам дека вирусот ќе трае вечно. Ситуацијата е сериозна, но се подобрува и сега сме повнимателни. Знаеме повеќе за вирусот и во моментов сум оптимист, започна тој за шпанското издание.

Додека некои првенства, како што е Бундеслигата, се вратија, а други веројатно ќе ја следат, натпреварите засега ќе се играат зад затворени врати, а некои експерти предупредуваат дека нема да биде безбедно навивачите да ги посетуваат стадионите додека не се најде вакцина.

Сепак, Чеферин верува дека навивачите наскоро ќе можат повторно да ги поддржуваат своите омилени тимови од трибините.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо