Скопје, 21 мај 2020
Почитувани, сакаме да Ве известиме дека членовите на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари -АМСЛ, 3D Принт Медицинска Опрема денес на раководството на Македонскиот полициски синдикат му донираа 3500( три илјади и петстотини) заштитни визири кои ќе бидат распределени на наши колегите кои во овие моменти на колективна опасност се дирекно изложени во борбата со COVID 19 и токму од таа причина ние од Македонскиот полициски синдикат бескрајно сме им благодарни.
Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари -АМСЛ со оваа донација се приклучуваат на низата општествено одговорни компании кои несебично и солидарно го прифатија нашиот повик и понудија помош во заштитна опрема, можеби мала, но за нас како планина голема помош!
– Почитувани припадници на МВР на РМ, Во име на неформалната група “3Д Принт медицинска опрема” и акцијата за производство и донирање на берсплатни визири за здравствени расботници, а предводена од АСМЛ, Ви доставуваме донација од 3500 медицински заштитни визири, севкупно 5000 во овој акт, претходно допоплнителни повеќче од 500, како знак на почитување и благодарност од белиот мантил кон полициската униформа. Во вакви критични и тешки времиња, неопходна е целосна соработка и поддршка помеѓу службите кои значат држава и кои се на првите фронтови во борба против COVID-19. Ве молиме да ги ставите на почеток на работно време, а да ги извадите по клраојтна вашата смена, постојано и редовно, бидејќи согласно препораките од СЗО , носењето на заштитен визир (заедно со заштитна медицинска маска) ве заштитува безмалку 100%. Секој еден полицаец е драгоцен за оваа држава! Ви посакуваме севкупно здравје и да останете безбедни и со заеднички сили до крај да се справиме со оваа историска ситуација, а во интерес на граѓаните на земјава, истакнаa преставниците на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари -АМСЛ при примопредавање на донацијата.
-Им благодариме на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари –АМСЛ кои го прифатија нашето писмено барање за предметната донација и итно пренасочија дел од донациите кои тие секојдневно ги пласираат на помеѓу здравствените работници, и донираа за полициските службеници. Донацијата доаѓа во вистинско време бидејќи живееме во моменти кога е потребна солидарност и поддршка. Сакам да потенцирам дека членовите на органите и телата на МПС веќе од утре ќе ги достават визирите во ОЕ на МВР, онаму каде што се најпотребни.Паралелно како што сте известени секојдневно изминативе 20 дена наши синдикални преставници вршат дезинфекција на возила и простории на МВР низ целата држава. Продолжуваме понатаму со распределба на заштитна опрема и средства за дезинфекција, која им е нужна на колегите на терен и која ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија во услови кога тие се најповикани да застанат на браникот на државата, истакна Киро Трајковски, Генерален секретар во Македонскиот полициски синдикат, при приемот на донацијата.
Македонски полициски синдикат, претседател д-р Марјан Кицев
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.