Утрински Весник
Македонија

Партиите се уште без договор за датум за избори, власта и опозицијата останаа на своите ставови

Партиите се уште без договор за датум за избори, власта и опозицијата останаа на своите ставови

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – На денешната втора лидерска средба кај претседателот на државата не е постигнат консензус за датум за предвремени парламентарни избори. Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила.

Во текот на следните денови, како што се најавува, се очекува партиите да имаат меѓусебни разговори.

ВМРО-ДПМНЕ биле за избори на крајот на август на почетокот на септември, додека СДСМ за крајот на јуни. За брзи избори се изјасни и ДУИ. Алијанса на Албанците и Алтернатива не се за избори на 21 јуни.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА. ев/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Објавен Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во 2024 година

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

ВЛЕН: Една година владеење со достоинство, опипливи резултати и јасна визија за иднината