Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Двајца млади стоматолози од Гевгелија одржаа концерт како поддршка за нивните колеги доктори

Двајца млади стоматолози од Гевгелија одржаа концерт како поддршка за нивните колеги доктори
300x250 opst2

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Двајцата млади стоматолози Александар Петковски и Томе Каркалашев од Гевгелија одржаа акустичен концерт како поддршка за нивните колеги доктори.

Со своите гитари и листа од македонска музика, тие во саботата во текот на полицискиот час им приредија едночасовно уживање на гевгеличан под отворено небо.

– Стиховите „Чукни во дрво, вистина е, надвор е пролет, живи сме“ е метафорична порака со која сакаме да изразиме поддршка и благодарност до нашите колеги доктори кои во моментот се во првите борбени редови против коронавирусот, велат двајцата млади стоматолизи.

Александар се надева дека пораката што ја испратиле до јавноста, ќе бид еприфатена од сите.

– Можеби ноќните излегувањата се уште не се дозволени, а не знаеме ни кога ќе се врати животот во нормала, но затоа знаеме дека гелгеличани уживаа на своите балкони, вели Александар.

Неговиот колега Томе вели дека немаат намера да селектираат професии и оти сите што работат во овие вонредни услови заслужуваат аплауз.

– Преку пораката немаме цел да селектираме професии. Многу професии се исто така изложени на ризик од вирусот. Доставувачите на храна, вработените во маркетите, полицијата, војската, лицата ангажирани за оддржување хигиена, возачите и уште многу други. Сите заслужуваат огромен аплауз, вели Томе.

Нивното дуо е познато како „ChillOut“. Настанот беше поддржан од градоначалникот на општина Гевгелија и кафулето „Пикасо“ кој го пренесуваше настапот на социјалните мрежи. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите