Утрински Весник
Македонија

Постапка против 11 лица во Велес заради прекршување на полицискиот час

Велешкиот Основен суд ќе работи само по итните кривични предмети

Велес, 13 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес до велешкиот Основен суд денеска поднесе предлози за издавање казни во висина од по 800 евра против 11 лица кои го прекршиле полицискиот час.

– Лицата го прекршиле полицискиот час и биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации низ градот спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од ОЈО.

Велешкото обвинителство предложи на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност.​

Лицата се товарат за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка