Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Влада: Објавените е-маил адреси на министерствата за финансии и економија се од стар систем, лозинките се променети пред повеќе години

Влада: Објавените е-маил адреси на министерствата за финансии и економија се од стар систем, лозинките се променети пред повеќе години
300x250 opst2

Скопје, 13 мај 2020

После јавното објавување на стари службени е-маил адреси и лозинки на министерствата за финансии и економија, Владата на Република Северна Македонија ја известува јавноста за фактите поврзани со објавените податоци.

Се работи за листа од неколку адреси и лозинки од поранешен систем за службени е-маил адреси на министерствата за финансии и економија. Дел од е-маил адресите не се во функција повеќе години бидејќи нивните корисници не работат веќе во министерствата, а лозинките на сите објавени е-маил адреси се стари и се променети пред повеќе од 7 години и во тие сандачиња не може да се пристапи преку објавените лозинки.

И во двете министерства, од тогаш се обновени системите за службена електронска пошта и се поставени протоколи со сложени шифри за службените е-маил адреси, како и други протоколи за сајбер безбедност на системите со кои се намалува ризикот и веројатноста системот да биде компромитиран.

Во моментов немаме докази дека системите за електронска пошта на министерствата се хакирани во скоро време, ги испитуваме сите детали поврзани со овој случај.

Владата на РСМ константно работи на обнова и зајакнување на ИТ системите во институциите и ја изработи првата Национална стратегија и акциски план за сајбер безбедност.

Сектор за односи со јавноста – Генерален секретаријат

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места