Утрински Весник
Македонија

„Кожувчанка“ донираше комплетен модерен апартман во Општа болница Кавадарци

„Кожувчанка“ донираше комплетен модерен апартман во Општа болница Кавадарци

Кавадарци, 13 мај 2020 (МИА) – Одделението за хирургија во Општа болница со проширена надлежност Кавадарци, доби донација – изградба и комплетно опремување на модерен болнички апартман, информираа денеска од оваа јавна здравствена установа.

– Апартманот е наменет за болничко сместување на пациенти во најсовремени услови. Голема благодарност до компанијата „Кожувчанка” од Кавадарци, која ја овозможи оваа донација, покажувајќи значителна општествена одговорност, соопштија од Болницата. свд/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити