Утрински Весник
Македонија

Бектеши: Мејловите што беа објавени во некои портали се стари, не е направена никаква штета

Бектеши: Мејловите што беа објавени во некои портали се стари, не е направена никаква штета

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Не е направена никаква штета, мејловите што излегоа во некои портали се стари. Се работи за дата база која била користена пред седум-осум години, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по пишувањата во дел од порталите дека бил хакиран системот на Министерството за економија и земени податоци за мејлови и пасворди од вработени.

– Повеќето од овие вработени, веќе не работат во Министерството за економија. Се работи за стара дата база, која била користена пред седум-осум години. Оттогаш дата базата е обновена и нејзината сигурност е перфектна, рече Бектеши. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?