Утрински Весник
Македонија

Штипјанец вторпат за една недела физички ја нападнал сопругата

Штипјанец вторпат за една недела физички ја нападнал сопругата

 Штип, 12 мај 2020 (МИА) – Педесет и пет годишна жена вторпат во рок од само една недела е физички нападната од својот сопруг. Таа во полицијата пријавила дека вчера доцна попладне во семејниот дом во Штип по претходна вербална расправија, била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг К.Б.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека по комплетирање на случајот против лицето К.Б ќе биде поднесена кривична пријава, а жената со повреди завршила во болницата во Штип.

Во билтенот на СВР-Штип денеска е нотирано и дека ул.„Косовскаво Штип, додека полициски службеници обезбедувале патничко возило натоварено со огревни дрва, кое претходно било запрено, поголема група на граѓани им упатувале заканипочнале да ги растовараат дрвата од возилото, дел од нив го стартувале возилото и побегнале, а останатите со физичка сила и закани ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените  дејствија.

Се работи на комплетирање на случајот по што против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.вдј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пуштени првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид

СДСМ: Трипуновски е смешен кога се фали со цените на грозјето, високите цени се резултат на законите кои ги донесе СДСМ

Давкова: „Галичка свадба” ја отсликува македонската народна традиција и култура