Утрински Весник
Македонија

Штипјанец вторпат за една недела физички ја нападнал сопругата

Штипјанец вторпат за една недела физички ја нападнал сопругата

 Штип, 12 мај 2020 (МИА) – Педесет и пет годишна жена вторпат во рок од само една недела е физички нападната од својот сопруг. Таа во полицијата пријавила дека вчера доцна попладне во семејниот дом во Штип по претходна вербална расправија, била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг К.Б.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека по комплетирање на случајот против лицето К.Б ќе биде поднесена кривична пријава, а жената со повреди завршила во болницата во Штип.

Во билтенот на СВР-Штип денеска е нотирано и дека ул.„Косовска“ во Штип, додека полициски службеници обезбедувале патничко возило натоварено со огревни дрва, кое претходно било запрено, поголема група на граѓани им упатувале закани,  почнале да ги растовараат дрвата од возилото, дел од нив го стартувале возилото и побегнале, а останатите со физичка сила и закани ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените  дејствија.

Се работи на комплетирање на случајот по што против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.вдј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва