Утрински Весник
Македонија

Постигнати спогодби со тројца ресенчани обвинети за измама

Постигнати спогодби со тројца ресенчани обвинети за измама

-Осомничените на почетокот оваа година, со лажно прикажување на факти дека преку правно лице од Ресен можат да им продадат земјоделски производи, довеле во заблуда четири правни лица од Република Словенија, Република Унгарија, Босна и Херцеговина и Руската Федерација. Оштетените правни лица вршеле уплата на договорен износ на сметка на правното лице од Ресен, а осомничените ги подигнувале уплатените парични средства и ги трошеле за сопствени потреби, неиспорачувајќи ги договорените земјоделски производи, соопшти Јавното обвинителство.

Во текот на истражната постапка, осомничените доброволно ја надоместиле севкупната штета на оштетените правни лица во вкупен износ од 49.170,00 американски долари и 17.466,00 евра. Тројца од осомничените ја признаа вината и побараа да се спогодат со обвинителството, додека еден од осомничените во текот на постапката почина и против него постапката е запрена.

Основниот суд Битола ги прифати предлог – спогодбите и со пресуди на двајца од обвинети им изрече алтернативна мерка – условна осуда со што им е утврдена казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од пет години не сторат ново кривично дело, додека еден од осомничените е осуден на казна затвор во траење од една година и осум месеци. дма/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка