Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица ја заврши изградбата на атмосферски канал во селото Габрово

Општина Струмица ја заврши изградбата на атмосферски канал во селото Габрово

Струмица, 12 мај 2020 (МИА) – Општина Струмица ја заврши изградбата на атмосферски канал во селото Габрово во должина од 360 метри и со тоа го реши проблемот со атмосферските води во селото, информираше градоначалникот Коста Јаневски.

Додаде дека покрај овој зафат, во населеното место Градско Балдовци во завршна фаза е проектот „Улица со шеталиште”.Таму завршува поплочувањето на тротоарот на којшто ќе бидат поставени 16 клупи и до крајот на неделата ќе се изврши асфалтирањето на улицата во должина од еден километар. рт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција