Утрински Весник
Македонија

Bо Кичево нема повеќе активни случаи со коронавирусот

Во Кичево целосно се почитува полицискиот час

Кичево , 11 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти, меѓу кои и последното заболено лице од Кичево, со што оваа Општина практично нема ниту едно заразено лице.

Оваа вест беше потврдена и од градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари кој воедно и раководи со координативното тело на општината.

Инаку во тек е четврта недела, откако во Кичево нема регистрирано нов случај на заразен од коронавирусот. Ова е една од најголемите општини во С.Македонија, со околу 60.000 жители, каде што се регистрирани најмал број, само два случаи на заболени од Ковид-19 и тоа повратници од странство кои првично беа сместени во карантин. рз/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО со детали за убиството во Богданци: Ножот се скршил, нападот продолжил со ножици

Димитров: Македонскиот текстил ја изгуби конкурентската способност

Утре лидерска средба во Клубот на пратениците: СДСМ одбива, Левица и ВЛЕН потврдија учество