Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп две новозаболени лица, 12 се излекувани

Во Прилеп две новозаболени лица, 12 се излекувани

Прилеп, 11 мај 2020 (МИА) – Два нови случаи на заразени со Ковид 19 се евидентирани денеска во Прилеп, а 12 пациенти се излекувани од оваа заразна болест, информираат од локалната самоуправа. Со ова, во Прилеп досега вкупно се регистрирани 178 заболени лица. Од нив 120 се оздравени, а во моментов има 58 активни случаи. Како последица на коронавирусот, починале 11 лица.

На Инфективното одделение прилепската болница се хоспитализирани 15 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус, додека петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирусот, а на тројца им е земен брис и се чекаат резултати

Во самоизолација се наоѓаат 234 лица.

За време на викендот, се забележани шест нарушувања на полицискиот час. ем/цр

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена можност

Гаши утре во Софија на средба со претседателката на бугарскиот парламент

Мицкоски ќе ја финализира реконструкцијата до викендот, јавноста шпекулира со четири имиња