Утрински Весник
Македонија

Запалената депонија Буково третирана со органска алга

Запалената депонија Буково третирана со органска алга

Службите на ЈП „Охридски комуналец“ извршија вонреден третман на деловите од депонијата „Буково“, кои деновиве повторно беа запалени.

Беа ангажирани неколку возила и цистерна за теренот да биде третиран со специјално биолошко средство-органска алга, а ситуацијата е веќе ставена под контрола.

Органската алга е произведена на природна основа, на база на екстракт од два вида на морски алги. Таа го оневозможува самозапалувањето на метанот што настанува како резултат на распаѓањето на органски материи во отпадот на депонијата, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Среќна работа на новиот јавен обвинител!

Возач удрил 11 годишно девојче во Капиштец, па избегал – полицијата го пронајде

Реинивенција на социјалдемократијата во Македонија, партија а не платформа може да победи власт